Ќебето што истовремено беше и врата, нагло се подигна и во земјанката се втурна бран студен ветар и по него влезе Аргир.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сѐ почесто небото се намуртува, сѐ почесто дуваат студени ветрови и носат магли и дождови.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Во една есен студениот ветар со сврдел го длабеше нејакиот плитар на нашата куќа. Трипати се прекрстив.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Мечето Цимко се шеташе по шумската патека и мислеше каде да се скрие од студениот ветар.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Сепак еднаш, само еднаш, мислев до неодамна, ја сретнав во една долга декемвриска ноќ, нема и глува за мене, без сјај во очите ако не ибез очи под некаков нејасен превез пред кој и студениот ветар се смируваше за она што било.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Го очекуваа првиот снег. Откај Шар бришеше студен ветар, штипеше за лице и ги соголуваше уличните дрвја.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Знаете... - Да, Кире, - рече Нумо. Тоа беа нашите ранети партизани во болницата...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Додека ние цел ден мрзневме и не јадеше студениот ветар што дуваше од заснежените планини, Ѓорѓи патуваше на топло и меко.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Човекот беше испотен, а од Дрина доаѓаше студен ветар; пријатен и чуден беше допирот со топлиот изделкан камен.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Григориј Иванович гласно воздивна, си ја забриша брадата со ракавот, и почна да раскажува: – Братче, јас не ги сакам женските со шапки.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)