стручен (прид.) - лице (имн.)

Се сеќавам, селекторите (стручни лица од различни области) ќе ги наредеа жените, тасма голи, во салата за фискултура, отпростум, една до друга, за да можат полесно да ја утврдат фактичката состојба.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Комисијата за избор ја интересираше формата на градите, нивната тврдост или мекост, нивната подигнатост или спуштеност, потоа должината и формата на брадавиците; должината на нозете од горниот дел на бутот до колената, и од колената до петиците, раздалеченоста на нозете во горниот дел на меѓуножјето (посебно беше важно дали има таму триаголниче за ѕиркање од другата страна, за ѕиркање однапред или одназад, сеедно).
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Второстепениот суд ги уважи двете жалби и го врати решението на повторно разгледување на првостепениот суд, наведувајќи дека од наводите на вештото лице, се гледа дека треба да се извршат други вештачења: да се проври од стручни лица или установа какво е тлото на кое лежи куќата, неговиот геолошко-технолошки состав и колку тоа влијае на нејзиното пукање.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
А како доказ го истакна претходното решение на второстепениот суд во кое се вели дека увидот, испитувањето на тлото на куќата, треба да го извршат стручни лица или установа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Едноставно, треба да им веруваат на пријателите, на стручните лица дека имаат недостаток и дека со истиот можат да живеат нормално, но не можат да дадат сериозен прилог во театарската уметност и во нејзината развојна линија.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тоа би требало да биде практикум на секој наш политичар, на сите наши стручни лица - професори, доктори, судии, на сите работни луѓе - обесправени, изманипулирани, стечајци, на сите гласачи за подоброто утре.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Творците - стручните лица, бараат театарот да им припадне затоа што само тие знаат да ја изградат сценската изјава.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Стручно лице ќе можеше да рече за него дека е под дејство на дрога, но јас и другите од јамата не знаевме ништо за тој отров, освен дека е убиец на многу млади во светот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Наместо дотогашната одредба според која работникот имаше право „да учествува во утврдувањето и во подобрувањето на условите за работа и на работната средина, да учествува во планирањето и воведувањето на нови технологии во однос на последиците од изборот на опремата, да предлага преземање на нови или подобрување на постојните мерки за заштита при работа со цел да се подобрат условите за работа, организацијата на работа и заштитата на здравјето и безбедноста на работниците во процесот на работата кај работодавецот (чл. 45, ЗЗР), ЗБЗР ја содржи одредбата според која „право и обврска на секој вработен е да дава предлози, мислења и забелешки за безбедноста и здравјето при работа на стручното лице и овластената здравствена установа“ (чл. 38, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во тој случај тие се обврзани писмено да се договорат за заедничките безбедносни и превентивни мерки и притоа да назначат стручно лице за надзор и спроведување на истите (чл. 15, ЗБЗР).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
„Се согласувам, тато, ама ме збунува и оптоварува една мисла: Каде биле сите тие стручни лица кога агресивно настапувал хаосот?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
А сѐ се движеше кон тоа однапред да се оправда грешката, при што, како жртвени јарци и други заложници, беа повиканите политички агитатори, дури и стручните лица.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Веќе следниот месец, во октомври 2002, по многу претходни неуспешни обиди да се разубеди раководството, Кирова – поддржана, а подоцна и застапувана пред судот од нејзина блиска роднина дипломиран правник (М. Мишковска), вработена во општинскиот 141 синдикат Велес – покренува судски спор пред тамошниот Основен суд како стварно и месно надлежен првостепен судски орган.7
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Судскиот спор, во којшто имаше и вештачење од стручно лице- економист (М. Начарова), траеше една година – за да во месец октомври 2003 судијката (В.Мојсова) донесе пресуда во корист на Кирова, која нејзе ѝ е доставена следниот месец.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот мора работниот процес да го прилагоди кон способностите на вработените, при што работната средина и средствата за работа мора да бидат безбедни и безопасни по здравјето, земајќи ја предвид природата на работа (чл. 10, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Работодавачот, за вршење на работите од областа на безбедноста при работа, мора да назначи едно или повеќе стручни лица и мора, на секој вработен, да му обезбеди соодветни [теоретски и практични] обуки (чл. 18, ст.1 и чл. 31, ст.1 од ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)