Во вакафските простории, покрај членовите на стручната комисија и претставниците на Партијата, на општината и на архивот, со Татко влегоа и градскиот исламски верски поглавар, со уште двајца други верници.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Покрај стручната комисија, имаше и една друга, во сенка, составена од претставници на власта, на Партијата и на градскиот архив, како и од некои други лица кои не му беа претставени на Татко.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Постоењето на штетата и околностите под кои таа настанала, нејзината висина и кој ја причи- нил штетата, ги утврдуваше стручна комисија на работодавецот, која тој ја именува – ако штетата не може да се утврди според ценовникот на работодавецот (чл. 107, ЗРО/03 – Пречистен текст); • се изоставија и одредбите кои предвидуваа дека одлука за надо- мест на штетата донесува работодавецот, односно органот што тој ќе го определи, а против одлуката работникот има право на приговор до органот утврден со колективен договор, во рок од осум дена од денот на доставувањето.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)