страшен (прид.) - сон (имн.)

Машкиот дел пред зградата беше прекриен со добро одгледан тревник со детелина чие зеленило и свежина раѓаше кај мене, истовремено, и тага и радост, и копнеж и болка, и нешто недоволно јасно во сеќавањата, и нешто премногу остро во нив, нешто што сечеше како срча навлегувајќи длабоко во месото на животот, и јас тогаш се повлекував во ќелијата, клекнував во аголот наспроти креветот, ја ставав главата меѓу коленици и плачев како дете, или можеби само сакав да плачам како дете на сет глас; да, јас сакав да плачам, но не можев оти рапава грутка ми го затнуваше грлото и ми го параше до изнемоштеност и чувствував тежина на камен под кој лежев како болно дете на пелена и сонував страшни соништа, го сонував животот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И пак се задава бура, на среќата нема крај, суетата е сита Кога јавето е посилно од претчувството во страшниот сон.
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
АРСО: А ти малце задоцни...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Што страшен сон видов! Ќе ти го раскажам по пат. Да одиме...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Сонував страшни соништа и еден многу убав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дека со Игбал летаме над Градскиот парк, ноќе, но не на килим, туку на велосипед, и дека под нас тече Вардар целиот осветлен, како наместо вода да тече сребро меѓу неговите два брега, а во грмушките и меѓу дрвјата наоколу летаат, наместо светулки, ѕвезди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Наредено им е да се качат на воз и да заминат од дофатот на сојузничката слобода.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На јаве му се случува страшниот сон во кој ветрот и тој блудат низ испразнетиот град и се печат на тивкиот оган на неодамнешното живо присуство и сеќавање, на довчерашниот, додуша сè помалуброен, но сепак постоен џагор на живиот град, на Солун, што сега исполнет само со бивш живот некој еднаш го нарекол Втор Ерусалим. Кој сега е нов Гехином.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не бил уверен; сепак претпоставил дека од маглата на страшните соништа во кои не можел да замавне кон некого што го бодел со јатаган, го извлекол шум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Онисифор спиел со студена грутка воздух во грлото и со коленици залепени за длапката на мускулестиот стомак но обеспокоен од сила на необјаснива враџба, се тргнал и ја подал раката кон кубурата на педа од него.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во страшниот сон ја чу, нејзиниот глас го пробуди, со изгорени усни, во сон, во магија, во занес рече: - Мајко, мајчице мила!
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зашто тие заедно со своите домашни ги трпеа сите маки од Лумана, ноќе сонуваа страшни соништа и сѐ се будеа причинувајќи им се дека арамијата дошол и сега којзнае што ќе им прави.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И јас да сум на нивно место, - си велеше, - да ме будат страшни соништа во кои арамијата ми виснал над глава со нож в раце готов да ме заколе, да гладувам, зашто она што го имам ми го собира некој со помошта на еден јатак , да ми ги грабне некој со крвава пот спечалените пари, да молам да го дадам аманетот на најмилиот од куќата како што беа оние пет лири на татка ѝ на Трајанка, да морам да се посрамам како татка му на Пецета, зашто некој, кога сум бил на мака, ме одделил од најмилото, а јас сега не можам да му го вратам, та и мене да ми се случува сето тоа, - и јас не ќе можам да го здржам бесот, па макар сто пати знаел дека јатакот е јатак, а неговото внуче негово внуче, кое можеби ништо не знае.“
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И после чувме дека виното претекува, и Левтерија се тргнува, како кога ќе се разбудиш од некој страшен сон.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Сонив дека сите книги за богослужение сами од себе се листаат и вртат, а јас сам на вечерна го гледам тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Сонив страшен сон,“ рече Лаврентиј.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Свеќите страшно потпукнуваат, само што не се изгаснале од силниот, студен ветар, страниците страшно шуштат, и како што дува ветрот, така буквите од писанијата испаѓаат од страниците, подлетнуваат во воздух, а ветерот ги позема и ги носи угоре, го крева покривот од црквата и ги развејува по небото.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Влезе во библиотеката на Филозфскиот факултет столчен и избезумен: водата допираше до колена, стотици книги гниеја и се распаѓаа во матната течност, а надвор Вардар допрва надоаѓаше.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На 17 октомври истата година, престана да свети сонцето за Филип Филиповски.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Надвор врне снег, зима е како никогаш дотогаш, народот е исплашен од вестите за крајот на светот, а во топлата кафеана “Балкан” Филип Филиповски потонува, крај чаша црно вино, во длабоки размисли: мисли на своите книги и на страшниот сон.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)