На нивните усни бесмислено се препознава тој кукавички инстинкт од кој се слушаат само страшни приказни со уште пострашен крај.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- А, дали знаеш што се тоа тролови? – ја прашав. - Не знам – рече таа и ја „загриза јадицата“.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Раскажуваат страшни приказни за опасен стаорец што во најмирните ноќни часови тајно ја напаѓа населбата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Сега за сѐ е доцна. Јас сум расфрлана парче по парче во оваа страшна приказна што ме оддели од себеси.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Уживам слушајќи ги страшните приказни, вешто сплетени од моите соседи.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Но немав избор, па се помирив и ги послушав, тајно решавајќи страшните приказни да ги одложам до Маврово, за некое време кога насамо ќе останам со Дена.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)