Има моменти кога по ваквите истрели смртта не се јавува во играта, тогаш остануваат на стрелиштето само синовите и ќерките на стравот и статистичарот со мастилава крв осуден да ги памети страшните бројки и да ги запишува со ракопис на праведник шупливите насмевки на преживеаните.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)