Многу нешта од тоа што му го кажуваше старецот Бојан го знаеше, но пак слушаше, мило му беше и по стоти пат да го слуша деда си, зашто тој истите работи секогаш ги кажуваше на нов начин, како првпат да ги кажува.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Само напред ноќеска! — повтори Јордан по десети или стоти пат за братската помош од Бугарија пренесена од Сарафов.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ги истегавме нозете на оградата и слушавме една иста песна по стоти пат.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Тој побара три цени, та овие веќе му дадоа една и пол, но Петруш и понатака се колне во денешна света Петка, утрешна света сабота, други денешна света недела и сите годишни светци, си ја пцуе по десетти или стоти пат мајката оти не сака од нив да печали, и исчепкува уште една четвртинка од вредноста, убедувајќи ги своите пријатели дека им ја дава стоката „под зијан, само и само да не ги пушти на друго место, да им услужи, и да не речат прилепчани оти на Петруша му избегале муштериите и отишле на готов пазар кај комшијата Плашета.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
- Ова му е најмалку стоти пат, откако го знам, а 99 пати досега „бизнис почнувал“ со Славко, - се подбиваше мајка ми.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Само упорното повторување на вистината ја спречува 'рѓата да го прекрие паметењето, а човек без паметење и не е човек, ги уверуваше пријателите, а потоа, по стоти пат ќе прашаше: Каде точно се наоѓаше оџакот на покривот на Алмаковци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
— Ќе ваќаме со гола рака змиа, нема чаре! — рече Гуцето и ги поведе своите градевци кон витолишките гробишта, откаде требаше да го нападнат селото.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)