Притоа користат посебен аналитички и стилизиран начин на гледање на работите.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Со таков облик на перформанс, каде што се воспоставува дијалог на машината и телото кое што со својата згустена и со машините забрзана и напоена енергија е иницирано од третата механичка рака, Stelarc на експлицитен, демонстративен и стилизиран начин произведува ефекти коишто експлицитно и самостојно го следат секојдневието на голем број поединци вклучени во продукцискиот и репродуктивниот живот на постиндустриското општество.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Движењето на неговите мускули и реакциите на нервниот систем, мерени од соодветни медицински направи, е поврзано со жива сликовна/графичка и звучна претстава на мониторите и MIDI музичките инструменти, такашто неговата со технолигијата забрзана, набљудувана, стимулирана (и со тоа дијалошка) екстатичност, инсценирана во перформансот (во своите последни перформанси употребува и робот со камера во „главата” која истовремено го снима), визуализира и произведува звучни ефекти.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)