И додека си ги бришевме солзите и престанавме да липаме, штом го поминавме тунелот, слушнаме пробивен и писклив женски глас: - Доаѓаат!!!
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Го чул говорот на Сотира и, место да оди во другиот дуќан, застанал однадвор на пенџера, со мустачињата напред и со забите стегнати под поткренатите бузи.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Кој крив, без нога, со една, па и со две патерици стегнати под мишки, потпрени еден врз друг, со преврски на главите, на рамената, со празни пачовици и ракави...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)