„Ама јас никому не сум рекол...“ рече Влатко и се фати во лага - а што ако нешто разбрала од Теми, махинално погледна угоре и ја виде Теми - занемена стоеше - со показалецот на цврсто стегнатите усни - значи - таа ништо не рекла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Гледа во бистрата вода, а во неа широко отворени очи, слични на очи на исплашена срна, лице огрдено од лузна, збрчкано чело, стегнати усни и вилици, прекршени веѓи...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тато е строг и добар. Во очите му светна добрината, а врз строго стегнатите усни се појави насмевка.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)