Ќе мижиш со стегнати вилици кога ќе заѕвониш на врата од некоја куќарка, а на вратата ќе излезат едно купче мали, исти како мене, плукнати на тебе.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Можеше само уште да ги гледа сите оние букови трупци, наредени во карма до тезговиот, готови да го заземат местото на оној пред бичкијата, како и целата таа просторија да имаше стеганати вилици како него, застанат во нејзината средина, уште еден ненужен дел, отповеќен дел.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А јас стоев здрвена со стегнати вилици, решена веднаш да си дадам отказ.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Орото се растури уште веднаш штом стана Башмајсторот и сега заминуваа, цела поворка, цела тајфа, додека жените довикуваа по нив „Создравиеееее - “, а буките крај патот имаа зелени, распукнати, набабрени пупки и селото во таа утрина се чинеше толку убаво, ги видоа наеднаш сите убави работи во него и некако копнееја од тоа, сите со по една стегната вилица и со нешто меко, болно и ранливо во погледот, заскитен напред.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
- Нема, - ми вели со стегнати вилици. - Значи, попусто чекаме.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)