Времето си го стори своето. Старите родители на Татко сонуваа како подобро да се ожени најстариот син, бездруго со невеста од сој, невеста достојна за нивниот син.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Слуша: пред колибата на нејзините стари родители водат бескрајно монотон разговор што потсетува на молитва.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Предизвикани од шаолинските звуци што ги испушта Мистер Том, од соседниот стан излегува цела една кинеска колонија: прв ѕирнува младиот даночен инспектор Џианхонг, а по него и неговите стари родители (кои веќе шести месец глумат дека се дојдени во кратка, викенд-посета на синот во Америка).
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)