Гостите наседнаа по своите стари места. Стојо седна како што му е редот. Домаќин ќе биде.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Но при вториот или третиот стих Пере тивко му шепна: „Се заоблачи, Апостоле“, и тој веднаш ја сврте на „Дуњеранке“, оти влегоа двајца жандарми и дежурниот полициски писар Јачмениќ, кој се врати од Солун и си го зеде пак старото место.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Исто така разбравме дека делува смирувачки ако во семкарницата на нашето старо место купиме по еден фишек време и по еден џепен прирачник за безболно продолжување на самозалажувањето.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Белки ќе се најде доволно очај за вкусот на новите зборови и сетики оној олук на нашето старо место ќе престане севезден да тропа.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Велеше дека ќе биде задоволен ако пак заработи во фабриката за целулоза, на она негово старо место, на редење дрва.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ќе запираме на тој пат на секој криво насаден збор, ќе ја покажеме неговата излишност и штетност да остане на старото место.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Како и да е, со наредба од меџилисот, се дозволи градење на нова црква „Свети Димитрија”, малку подолу од нејзиното старо место и поблизу до мостот на Вардар.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Те чекам со ужасно нетрпение утре доцна попладне, сабота 2 Октомври, во 16 часот на нашето старо место: на нашата клупа во парко, кај сато.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Оној негов сосед под дрвото, што беше малку повлечен в страна, пак се прибра до стеблото и се склопчи на старото место.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Волкот сега си се сместуваше на своето старо место под буката, а неговата миризба му го испогани неговиот здив и му го направи него поотровен од секој чад.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
„Мрдни се ти од умот!“ ѝ свика тој и продолжи да го ѕида ѕидот на старото место. ...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Утредента повторно војниците ја враќаа границата на старото место!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Човек може да се потпре само на мртвите предмети како што се штекерите, кваките, лавабоата, секогаш ги наоѓаш на старото место, и секогаш се исти“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
„А зошто?“ „Понекогаш, кога некој сака да скрие некаков предмет, го отстранува горниот дел од масата или од друг сличен мебел; потоа ја длаби ногалката, па предметот го става во шуплината и пак ја враќа плочата на старото место.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)