До катот каде што беа собите водеа дрвени скалила кои крцкаше кога се качувавме по нив, а на крајот, кога ќе се искачевме, пред да почне ходникот со вратите кон собите, имаше една многу стара машина за шиење, поставена како сувенир.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Учителот, висок, со очила, Коста го викаа, на стара машина за пишување по цели ноќи препишуваше од една стара книга македонски народни песни и на четири деца ни даваше по едно ливче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
А таму, високо, цел свет - животни што првпат ги гледав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Ги отчукав на една стара машина за пишување во училиштето, ги подврзав во картонска корица, ги насловив како Енигма, напишав посвета: „На девојката со коси очи“, на првата страница го оставив мојот телефонски број (Луција ниеднаш не го побара за три години) и ѝ ја испратив по една другарка на Луција.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Имаше среде маса, во канцеларијата, и една стара машина за пишување што ја беше довлекол од Цариград и на која често ги менуваше буквите од типките според азбуките на новите окупатори.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)