Но откога се смеша времево, и особено откако изби војната во Европа, старата книга почна да придобива сѐ поважна улога во берберницава, како да чекала стрпливо само за
тоа да се најде во ваков зол час.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Во нив се продаваат стари книги и сѐ што е антика во литературата и тоа на разни јазици, па човек може ненадејно да сретне секакви раритети.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
ВО ЕДНО неделно мајско попладне кога сиот Париз беше огреан во сонце, и кога по Сена се влечеа хидроглисери, начичкани со патници и туристи, на кружни патувања околу Париз, и кога на ѕидиштата на оваа голема и прочуена париска река на самиот дофат на „Нотр Дам“, имаше најмногу продавачи на стари книги, геграфски карти, уметнички репродукции, пред една пристара црквичка на „Сен Мишел“, токму во овие кривулести и тесни стари париски улички, кои тоа попладне беа преполнети со шетачи и туристи, вниманието ми го привлече една поголема група млади луѓе собрани пред црквата.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во вакафот на една битолска џамија се пронајдени неколку сандаци полни со стари книги и записи од османско време.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
По три недели ѝ помогна на некоја весела распуштеница да процени вредност на куп стари книги.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Одам по долината завлечен по облакот од дамнешниот чад над сниските покриви зад меѓите, зад грмојте, зад високите крошни на дабовите зад крушите што се сушат зад сливите што капат зад јаболката во кои пее есента та мириса сета долина на топли пазуви и тихи мусандри во оние стари градски куќи што се вишат во куќите изгубени во правта на калдрмата во куќите чии чардаци чии пармаци уште се свртени кон долинава во која бавно се враќам како во стара книга што постојано се превртува во дланките на осамата.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Повторно доаѓам пред долината и таа се отвора како стара книга на залутениот ветар лисјата се шират и во неа влегуваат право високото небо со гребенот на врвот планински што лебди над облаците потоа снегот што се спушта жолт и овенат право во моето срце измешан со поројот во 'рбетот што му шуми.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Неколку мига потоа наидоа на пет-шест купчиња стари книги.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Рубина Фаин! Минато, заборав! Во едно гратче на Пиринска Македонија во куќата на В. лежеше пред триесетина години во стара книга со Пушкинови стихови писмо упатено до Белгиецот Едвард Жорес и потпишано само со иницијалите Р.Ф.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Внатре, на една мала маса за препишување стоеше стара книга, на која беше испишано она што пречесен отец Мида го беше сочинил, како умножение на тајниот запис од страшната одаја на пророштвата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
А во една стара книга е речено: “ Ќе се роди јунак и ќе го спаси Шумшул- град”. - Од што ќе го спаси?
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
- Си ја читал ли ти старата книга што ја спомена? - Не сум ја читал. Сум ја слушал.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А таму, високо, цел свет - животни што првпат ги гледав.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Учителот, висок, со очила, Коста го викаа, на стара машина за пишување по цели ноќи препишуваше од една стара книга македонски народни песни и на четири деца ни даваше по едно ливче.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Тој му покажа на козарот нови и стари книги за Калето.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Татко ми, во други времиња, од старите книги, собирани од сите страни на Балканот и од другите земји, ни пренесуваше дека речиси сите народи на Балканот својот живот им го должат на козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Од овие зборови плачевме, одевме во визбата, во дворот, да провериме дали се козите уште таму, да ги донесеме со нас горе, во нашите соби, да ги сокриеме во долапите во кои татко ми ги чуваше своите стари книги.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)