Достатно е само да ги разгледуваш улиците, старите згради или, пак, да се впуштиш во бесцелна прошетка низ метрото, во кое сѐ е електронизирано.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Простран, со водоскок, во самиот центар, на чии оснежени фигури наседнале младичи и девојки, фрлајќи топки од снег, обиколен со монументални објекти - старата зграда на општината, градена во минатиот век, достоинствена, со голем градски часовник, со две цркви, кои се реновираат, а во дното се златее големата и монументална „Палата на Републиката“, во која само во еден нејзин дел е Претседателството на ДР Германија, а сѐ друго во овој огромен комплекс служи за обичниот граѓанин - за негова разонода, пред сѐ за младината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Да знаеш нема да биде моја вина ако старата зграда „Победа“ ја нема најголемата китка од знамиња во целата улица. Ми вети два долара.“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Нивниот стан е на четврти спрат од старата зграда во која нема ни лифт.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
„Под врбата”, така беше познат ресторанот „Кај Таки”. На задната страна од двокатната стара зграда, со свежо нашминката фасада во жолта боја, веднаш под Тврдината, имаше дискретен простор за паркирање на неколку возила.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Здивот речиси не ѝ се слушна, таа спие страшно тивко, како пред себе да има деноноќија сон.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Овој го повика „да каснат нешто набрзина“, а во неговиот стан, на мансардата од стара зграда во една од уличките близу познањскиот плоштад, го пречека вистинска мексиканска трпеза со тортиљи, тако, бурито, начос, молес (сега ги памтеше само имињата, не знаејќи, освен тортиљата, кое е за какво јадење).
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Пред некој ден ги расчистував старите работи во гаражата на татко ми во населбата, која сега веќе е одалечена само неколку минути возење од старата зграда што не му потклекна ниту на земјотресот и го пронајдов плишаното зајаче што ми го купи чичко ми од првата плата. Преживеало!
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Најмалиот брат на татко ми секогаш доаѓаше со полн багажник играчки од Германија.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Во старата зграда на гимназијата сѐ течеше бавно и секојдневно како порано.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Таа дама што уште како млада косата почна да ја врзува во кох, живее во трисобниот стан оставен од татко ѝ, во стара зграда со сецесиска фасада на улицата „Адам Мицкиевич” во Варшава и се издржува од давање часови по флејта.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Затоа, штом се симнав од валканиот воз и минав низ Железничката станица, една стара зграда што и по својот изглед и амбиентот недвосмислено потсеќаше на последните романтично утописки денови на грофот Толстој, без нервоза тргнав пешки низ паркот што започнуваше веднаш тука, едно дваесетина метри подалеку од станицата.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)