Но, тоа што уште повеќе ме изненади беше што кога продолживме да чекориме напред, кујната се претвори во складиште во кое имаше неколку стари велосипеди, косилка за трева, разни алатки, боци за гас и слични работи, наизглед неубави, а сепак корисни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Во Полска границата ја поминував пеш, туркајќи пред себе стар велосипед, а понекогаш и нов.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Им остана само стариот велосипед, марка Пролетер Суботица, со кој порано Санде одеше на работа.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Не можев да се туширам затоа што како веќе да ги чувствував чекорите на тетка ми како нервозно маршираат пред вратата - кога наместо да слушнам чекори од ходникот, од шолјата слушнав само едно „клок-клок“ и регистрирав како водата од казанчето сосем се испразни.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)