стар (прид.) - алишта (имн.)

КОТЕ: Кога ќе се враќаме од пусто Влашко да се облекуваме во стари алишта и да ги криеме парите овде-онде по џамаданчината, да не ни ги најдат...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во Диселдорф купувала стари алишта, телевизори и друго и речиси секогаш успевала да ја мине границата а да не биде забележана од цариниците.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Еден ден кога го бараше во бараката од градилиштето, ја виде во неа бедната соба во која живееше Богдан: обичен дрвен кревет и искинат душек, старо ќебе за покривање, стара печка за топлење, леѓен и бокал за миење, расфрлани алати и стари алишта; му рече да премине кај неа да живее.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Не поради некаква сентименталност, туку едноставно што знаеше од искуство дека многу работи што однапред ги планира човек - не секогаш се исполнуваат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но иако и двајцата се сложија со тоа, сепак Павле не го поткошкна баш онака палтото, како што правиме обично со старите алишта за кои мислиме дека не се повеќе за пред свет.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Баждар, оној што купува стари алишта.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)