станбен (прид.) - зграда (имн.)

Во штабот на „Пелагонија“ Штабот на „Пелагонија“ и „Ударник“ се наоѓа во скромни простории, во една станбена зграда, во центарот на Франкфурт.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Стамбените згради, по својата форма, ќе се разликуваат од денешните.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Станбената зграда „Победа“ беше стара, изградена во триесеттите години, или приближно тогаш, и становите се распаѓаа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тие ја надвишуваа околната архитектура толку надмоќно што од покривот на станбената зграда Победа можеа да се видат сите четири во исто време.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Винстон Смит, со брадата спуштена на градите за да се заштити од остриот ветер, се протна брзо низ стаклената врата на Станбената зграда Победа, но сепак недоволно брзо за да спречи еден вител од песочен прав да влезе заедно со него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Парсонс се фалеше дека само на станбената зграда „ Победа“ ќе бидат закачени четиристотини метри знамиња.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу, околу влезот, скалите беа запуштени и нечисти, сѐ даваше впечаток на недоволно грижливо одржувана станбена зграда.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
А всушност приоѓам кон прозорецот на една од собите од мојата куќа што гледаат на задната страна на некоја станбена зграда, каде што просторот помеѓу тротоарот од мојата куќа и тротоарот од зградата е зараснат од диви тревје.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Куќата претставува предлог за речиси незамислива симбиоза меѓу станбена зграда и природна околина.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Сега Прењес е гратче испресечено со асфалтирани улици, со нови станбени згради, новоизградени приватни куќи, со водовот и канализација, кафеани и кафулиња, таверни и ресторани, банки, пошта, амбуланта, аптеки; железничка станица.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ја нема големата нива, но за тоа на тоа исто место има големи станбени згради кои го надополнуваат ликот на новиот, за разлика од некогашниот, сега непрепознатлив, Драч или Дуреси.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Лево ни останува џамијата, зад која е изградена цела населба од дво и трокатни станбени згради и малку погоре, веднаш до раскрсницата – православна црква.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Возам полека, гледаме на новите станбени згради, едно и двокатните куќи со разнобојни фасади во чии приземјишта се редат мали продавници, кафеани, кафулиња, ресторанчиња, чајџилници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Така Белчо и Џеки им станаа најсакана играчка на децата од деветтата и десеттата станбена зграда.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Господинот Серафим Гроздановски, пензиониран доктор по правни науки, живееше сам на првиот кат од една станбена зграда во Капиштец.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Граѓаните кои живеат во оваа улица резигнирано истакнуваат дека таквата состојба е резултат на индиферентниот однос на ЈП „Комуналец“ кое на овој дел од градот не врши редовно собирање на сметот од индивидуалните станбени згради, а нема поставено ни контејнери.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)