На ѕидовите, освен на оној крај, каде што беа сместени бурињата, имаше полици на кои беа сместени тегли со храна од сите големини и видови, стаклени тегли со џемови од по шест унци, па до тегли со туршија од по два галона, затворени со онаа жолта хартија со форма на рог, за која Даниел ја имаше предупредено мајка си.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Синга ми се виде многу пираснат, и радосно лаеше околу нозете на дедо ми, а по него полека одеше мојата мала водена желка Ѓуро, што ја чувавме дома во големата стаклена тегла, се сеќаваш?
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
А кактусот во стаклена тегла чувај го, за да нема литри од солзи.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
По агресивните прескокнувања преку прагот, влегуваа во работилницата, и Милан се разлутуваше поради тоа зашто не сакаше тие да му ја гнасат работилницата, која беше преполна со секаков вид столарски алати и остатоци од дрва, алуминиумски ленти, конзерви со боја, четки за бојадисување, завртки и шрафови, што по големина беа класирани во стаклени тегли.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)