Во една витрина, во еден стаклен сад, како зрнца од бројаници се истурени темно-зеленикави смарагди, а близу до нив се наоѓа и најтешкиот дијамант на турските султани, тежок 3.600 грама, во светло-зеленикава боја, поставен на црвен сомот...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Потоа тој внимателно се задржа и на заемките на турцизмите кои сѐ уште се употребуваа и кај христијанското и кај муслиманското население на Балканот, како што се: ѓум, ѓумче (од турски gm); матара, чутура (арапски matara); кофа, кова (од турски kova); шише, стаклен сад за вода и разни други течности (од турски şişe); ќуп, земјен сад за вода, масло, туршија, пекмез и друго (од арапски kr); филџан (за кафе, млеко или чај), (од арапски filcan); казан (од турски kazan), аван, сад за толчење од камен, дрво или метал, се употребува и за тутун (од турски avan); ѓевѓир, цедилка (од персиски kevgir); тенџере, сад за готвење со капак (од турски tencere); тава, земјен сад во кој се вари или пече јадењето во фурна или под сач.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски посебно го задржа своето внимание на турската заемка чинија (танир, пајнца), со потекло од персиски çini, откривајќи дека со ова име на Балканот долго време се нарекувал и самиот порцелан (најпрефинетиот вид на керамиката, т.н. бело злато). Зошто? се прашуваше Камилски.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Ме привлече миризбата на топлите кроасани кои беа поставени на масата, а во еден стаклен сад џем од кајсии.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Тој никогаш не примети дека има помалку од малите локумчинја распоредени во убав изгравиран стаклен сад.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Не е оној познат стаклен сад во кој песокот се преточува туку нешто како мало бронзено тавче полно со смог од кое тој се крева во прамен гас, согорува и исчезнува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Во стаклен сад засветлен одвнатре, бил сместен тој несреќник од најблиската планета.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Седел на обичен дрвен стол.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Повторно заспав, со малиот стаклен сад со магичен прав во џебот од пиџамите, над срцето што силно удираше.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)