стаклен (прид.) - нога (имн.)

Велика Британија сè уште не ја покажувала својата слабост и таа, стоејќи на "стаклени нозе", се надевала дека и понатаму ќе успее да доминира на Балканот, како и во годините пред војната.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Онака поместен и растревожен, ме придигнаа па моите стаклени нозе и со заеднички поткрепувачки напори ме пренесоа до првото такси.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Земјата стои на стаклени нозе, луѓето чувствуваат несигурност во себе, несигурност во погледот на тие што ги опкружуваат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
МАКЕДОНИЈА ВО ДИПЛОМАТСКАТА ПРЕПИСКА МЕЃУ ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И САД Уште во текот на војната, Велика Британија ја започнала дипломатската активност со цел да се анимираат САД и СССР во однос на можните политички консеквенции што би го имало активирањето на македонското прашање во врска со обединувањето на Македонија и прашањето за југословенско-бугарската федерација.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)