стаклен (прид.) - бокал (имн.)

На ноќните масилиња крај тие глави лежат стаклени бокали со млака вода. Во еден од тие бокали плива стоногалка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кети си ја избриша раката со крпата за садови и од полицата зеде еден мал стаклен бокал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во десната рака, најчесто, носеше стаклено бокалче за вода, покриено со утлеисана тантела, на нозете пандофли со црвени туфки, облечена во лито фустанче со карнери околу вратот и ракавите, со ситен чекор на балерина или на препелица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)