На тоа писмо одговорија скоро сите независни српски весници и нè уверија дека честните и вистински српски патриоти не учествуваат во таквите комедии и дека ниту едно српско министерство не ја помагало компанијата на Милоша Милоевиќа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ние не го пцуеме (како што правите вие) ниту српскиот народ, ниту српската интелегенција, ниту свесните српски патриоти, а го напаѓаме само оној патриотски џган (во чии катуни се клоцаат коњите на Душана и чија цел е да ги разигра тие коњи секаде каде што само ќе го чуе српското (Драгашичевото) „помози бог“.) Ние не сме виновни што во тоа патриотско ѓубре се вбројувате и вие и вашата влада и еден достатно голем дел од вашите „изображени мужеви“.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Други Македонци во Србија се прават српски патриоти и работат наместо за Македонија – за српските интереси.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)