среќен (прид.) - излез (имн.)

Ми се обрати со необично мирен глас, мораше целосно да ме извлече од молкот: - За другите морето може да претставува среќен излез од маките на копното, а за нас морето носи грижи, неизвесност, опасности.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И, дали докрај ќе ми веруваат и ќе ми го земат тоа како олеснителна околност пред донесувањето на конечната пресуда, ако им говорам за универзалното искуство на ,другите многу пославни, ,предавници кои го ,изневериле мајчиниот јазик, пишувајќи на јазикот на другите, каков што беше, на пример, Бекет, кој пишуваше на француски, покрај мајчиниот англиски јазик, или Романецот Емил Сиоран, кој пишуваше на француски, македонскиот поет Григор Прличев кој пишуваше на грчки, или мојот голем сонародник Јероним де Рада кој пишуваше и на италијански јазик.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во длабините на своето битие не престануваше да го разбира и сака својот човек, да ја споделува со него и последната надеж за среќниот излез.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Настојуваше да биде верен следбеник на револуцијата на Ататурк во создавањето на нова Турција, да ја лаицизира својата земја, да го најде нејзиниот среќен излез во судирот на источната и западната цивилизација, агонијата на колонијализмот и правото за слобода и независност на својот народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка тврдеше дека Татко ѝ се доверувал дека цел живот во библиотеката, трагал по магичниот редослед на читањето кој ги покажувал среќните излези за семејството, одговорите на големите прашања на егзистенцијата, во кои било вклучено и прашањето на враќањето во родната земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И јас, со своето перо, како Сизиф, го барав среќниот излез од јазичните лавиринти на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Според резонот на искусните дипломати јас си создадов сопствена донкихотовска стапица од која не ми се претскажуваше среќен излез.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се движеше во кажаните мисли како среќен излез од тишината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)