За секој клуч постои некаква брава, но секоја брава си има своја историја...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Татко нè спаси по цена на среќниот егзил, од атеистичкиот затвор во кој беше принуден да живее еден цел народ.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Кога во далечната 1943 година ноќе со еден стар семеен чун ја минавме границата која беше означена под Езерото, според легендите во кои верувавме во детството и чувана од еден змеј, границата меѓу родната земја и среќниот егзил на другиот брег, ние бевме осудени на клетвата дека нема враќање од егзил.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Читајќи ги нејзините редови, како знаци во кои беше присутен повикот на судбината, јас, всушност, се враќав во Македонија, во земјата што ја претставував, во земјата на моите кози и книги, во делот на семејството, во среќен егзил што требаше да го продолжам во мојот балкански дел на судбината.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најпосле, според моето верување, ова патување требаше да биде уште еден обид, барем пред лицето на светот, да се зближат Албанија и Југославија, односно Македонија земјата на среќниот егзил на моето семејство, при што требаше да ја провериме цврстината на можниот мост кој би ја заменил границата.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)