средиштен (прид.) - дел (имн.)

Кружејќи по собата, мојот поглед најпосле застана врз финото картонско кутиче за дребулии што се нишаше висејќи на една извалкана сина панделка, закачено за малата месингова рачка, веднаш под средишниот дел од огништето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Анализата на тој артефакт ќе го заземе средишниот дел од книгава и ќе ги опфати деловите три и четири.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Од почетокот на западниот лак, околу наоколу долж целата Потковица, по средината на падините, само прескокнувајќи го Станковски Рид, кој е наполно гол, населен, и кој е средиштен дел на источниот лак, се протегнува, сè до Зајачки Рид, односно сè до Алилово, амфитеатрално распоредена, некогаш пазена и грижливо одгледувана, сега сосема запустена, дабова гора, овде-онде прошарана со дренови дрвја, диви рози, глогови, диви круши и диви јаболкници.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Откривајќи ги битолските кадиски сиџили, сведоштвата за долговечната отоманска историја во средишниот дел на Балканот, Татко имаше чувство дека исполнува нечиј завет... XXII Татко им се врати на сиџилите во битолскиот вакаф.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)