Животни стории за судбините на луѓето, моите поблиски и подалечни роднини од кои речиси никого не познавав, но и на некои други личности од романот на минатото, архивирано и сега поттикнато од сликите и оживеано како во некоја чудесна кинотека на животот, со ликовите што, ете, влегле во малата семејна вечност на нашиот фотографски албум.     Сега, кога и самиот завлегувам во средното доба, фотографиите ги сакам и на еден друг начин.
               
             
           
            
            
              „Светилка за Ханука“
               од Томислав Османли 
              (2008)