сребрен (прид.) - месечина (имн.)

Принцезата спиела дење, а се будела кога на небото ќе се појавела сребрената месечина.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мирната река на животот подготвена е за студените есенски ветрови.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ако сакате, можам да ви испеам нешто италијанско, во боја, Гондоли гондола гондоли, Аривердерчи Рома, О соле мио, знам и една песна за сребрената месечина што се дави во морето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од нејзините ноздри капе матно сребрена месечината.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но, здивот на непознатото бара нова изгубена душа, сребрената месечина чека нов осамен патник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)