Сребрената жица сѐ потенко се стегаше околу гушата на Марко, а тој иако вознемирен, уште си размислуваше вака:
„Зарем на валијата му беше лесно да ми го предложи она?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Златко од Прилеп виткаше имиња од сребрена жица, Али Баба црташе портрети, Љиља графики, наива печатена во илјадници примероци продаваше Драго Телац, кој својата кабриолет бела буба ја паркираше пред тезгата и, како вистински сликар, на лице место се потпишуваше како уметник на своето дело.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Има некоја чудна тенка сребрена жица, како течно сребро, а вкусна за пиење, ти се чини медовина е!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сребрените жици на водата со сенките на златните жици на сонцето, се умножуваа во минијатурни ѕвезди кои весело летаа низ волшепството на просторот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Имаше и во душата на Марко една таква сребрена жица што не ’рѓосува.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Тој го знаеше ибн Пајкота добро и од порано, ама ни на крај на умот сега не би му дошло дека Марко ова ново решение го донесе поради сребрената жица која го стегаше во гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А и ние: мајка ти, јас, па и вие, моите цвеќенца, ако успееме некако да ја намамиме на нашиот пат таа проклета сребрена жица што се криеше длабоко под нас.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)