срдечен (прид.) - смеа (имн.)

Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател безначаен сликар, пијаница и очајник, кој освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
„Еве го студентот“, ќе извикнеа тие кога Едо ќе се појавеше на вратата и гракнуваа во срдечна смеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од ѕидот уште го гледаа многуте очи на страшната изложба на неговиот пријател, безначаен сликар, пијаница и очајник, што освен срдечна смеа нема ништо друго.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)