срамен (прид.) - столб (имн.)

Понатаму ќе бидат споменати бискупите во нивните батистени ракави, судиите во нивните хермелински наметки, срамниот столб, акциите, мелниците што ги покренуваат робови, камшикот со девет прачки, банкетот на градоначалникот и обичајот да се бакнува Папата во ножниот палец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
4. ШТО САКА НЕКА БИДЕ, ТОЈ Е УЧЕН ДА ТРПИ - и невин, од виновните на срамен столб качен, од честа испокината сурат циркуски ќе скрпи, па другите засмевајќи ги, самиот ќе плаче...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Го зафати желба да ја види час поскоро гредата што требаше да биде неговиот срамен столб.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)