Проклет да бидам, што можев јас кога имав таков бесрамен дедо и ме учеше сѐ некои такви страшни, срамни работи.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Мислам оти сите го почитуваа. Само снаата на Дукови, којзнае од кои причини, измисли за него многу срамна работа.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Од каде таа потреба да се сокрие идентитетот на тој што говори срамни работи, кога тој ден е токму дозволено и пожелно да се говорат срамни работи?
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Луѓето често имаат потреба да говорат срамни работи; таа генитално-анална симболика е редовен состав на секоја карневалска атмосфера, на секој обред сврзан со култовите на плодноста, обновата и животот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Божем си имал анумка, некое младо девојче, сето во свила го облекувал, го мазнел, како кукла го дотерувал, но еднаш, свртувајќи се во сонот толку лошо го притиснал со својот голем стомав што душата му излетала наеднаш; не втасало кутрото девојче дури ни да писне.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)