Климент Камилски во својата темелна потрага по турските заемки, најмногу поаѓајќи од својот мајчин македонски јазик, а потоа и од балканските, во духот на својата првична замисла да се справи со опасните турцизми, се задржа на заемки кои често се среќаваат во разговорниот јазик (повеќето придавки) што се употребуваат како грди, срамни изрази.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Меѓу многуте тој ги издвои: абдал од арапски abdal, азган, аирс`з од турски хаирсиз, ајван турски hayvan, ајљаз од турски haylaz, арамија од турски harami, аџамија од персиски acemi, баксуз од турски bahtsiz, будала од арапски budala, билмез од турски bilmez, дембел од турски dembel, едепсаз од турски edfipsiz, зевзек од турски zevzek, катил од арапски katil, копук од турски kopuk, курназ од турски kurnaz, маскара од арапски maskara, муфтеџија од турски mfteci, намќор од персиски namkr, пезевенк од турски pezevenk, резил од арапски rezil, сарош од персиски sarhoş, тамавќар од арапско-персиски tamahkar, туткун од турски tutkun, ќелепур од турски kelepir, ќерата од турски kerata, угурсуз од турски ugursuz; шејтан (ѓавол) од арапски şeytan; шерет од арапски şeret; шапшал од турски şapşal и други.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)