спуштен (прид.) - ролетна (имн.)

Јули минатата година го поминав во својот загребски стан, зад спуштени ролетни, зјапајќи во телевизискиот екран.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
„Веднаш ќе слезе!“ Набргу излезе Филип, скротувајќи ја со дланки косата: „Се успав... во станот тишина и спуштени ролетни...“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Целиот простор наоколу беше полуосветлен полумрачен, а во сниските, повеќето двокатни куќи, со спуштени ролетни, како никој да не живееше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Стоеја пред двокатна зграда. На сите прозорци - спуштени ролетни. Како да нема никој жив.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
2 Низ спуштените ролетни се пробива интензивна сончева светлина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Пријателката ја одбра собата со спуштени ролетни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)