Таквото чувство го имаа и тогаш кога госпоѓа Мариела ја раскажуваше епизодата од филмот “Ден потоа”: девојката, во филмот во улога на глумица, плачеше со спуштена глава врз рамото на својот љубовник, заради објавувањето на нејзините скандалозни фотографии во печатот, љубовникот ја тешеше шепотејќи ѝ дека сето тоа ќе се заборави со утрешниот ден, кога излегуваат новите броеви на весниците, но таа му велеше дека тоа не е така, дека новинарите во секое време ќе можат приказната да ја рециклираат и дека таа никогаш нема да се ослободи од срамот што ѝ е фрлен врз лицето.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тој миг го здогледа бикот Чако, како со спуштена глава му се приближува, покорен пред послушноста, припитомено легна првин на предните нозе, потоа ги спушти наземи и задните и веднаш заспа, папсан од скитањето низ гората.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
-Јас сега се променив. Утрово кога те сретнав, седев со спуштена глава долу.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Таа сѐ уште седеше со спуштена глава.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)