споменат (прид.) - раја (имн.)

„Според тоа, кога ќе стигне и, штом ја сфатиш целта, содржината и прописите на мојот царски указ, да работиш и да постапуваш врз основа на изложеното, да вложиш многу напор да стапи во сила мојата висока наредба и да се трудиш на споменатата раја да не ѝ се прави неправда и да не ѝ се додева.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Откога се кажуваше како точно да се постапи, по колку да се наплатува и како и според кои дефтери, и откога се додаваше дека преку кажаното “да не се зема ни пара, како ни за отворање на бовчите, така ни за “подароци“ за судиите и другите службеници, или за било што друго и повеќе да не ѝ се додева на споменатата раја“, ферманот продолжуваше:
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Читав: „До уважениот везир, славниот мушир уредувач на светот, предострожен управител на општествените работи со прониклив ум, извршител на народните работи со правилен суд, градител на темелите на господство и среќа, кој ги зацврстува столбовите на среќата и сјајот, окружен со милоста на севишниот владател, до муширот на Румелискиот ејалет, мојот везир Ахмед Мулаим-паша - севишниот бог да му го продолжи господството, и до одличниот правник меѓу наибите, наибот на Монастирската каза - да му се умножи знаењето, кога ќе стигне високиов царски знак, нека се знае: Во бовчата за џезието во Монастирската каза отсекогаш имало по 98 листови од горна категорија, 950 од средна и 162 од долна категорија, вкупно 1112 листови на џизието, што се распоредувале на рајата, населена во споменатата каза, и нивниот износ се собирал од споменатата раја по утврдена процена.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа состојба довела до осиромашување на споменатата раја, па моли да се издаде моја света наредба, упатена до тебе, споменатиот мушир, за да се отстрани сторената неправда...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)