спокоен (прид.) - во (предл.)

Господи, господи, господи, претчувствуваше околу себе во мракот шушкави банкноти и го мразеше тој Отец Симеон, тој некаков ортак што стоеше долу сигурен и спокоен во груста сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Беше висок, со елегантна става, благ, спокоен во изразот, од кој зрачеше доверлива и интелигентна добрина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Честопати во мојата преписка со Патрик Крисман, се откривав во позиции, кога преусилено го нагласував својот книжевен милитантизам, но тој остануваше спокоен во ритамот на својата добрина и величина.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш за миг се појавува над судиската маса, Тој, Онаков каков што го знаев, насмевнат, спокоен во познатата блуза без меадли.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Чана одамна го има претчувството дека дедото Костадин нема да стигне зад нив, ама сигурна е дека Пелагија и Танаско му ги сториле сите адети за да биде спокоен во рамната земја од каде што сакаше да побегне оти нигде не нашол исцедно место за гроб.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)