За миг затвораме очи и под клепките ја гледаме таа огромна толпа од жени и старци застанати на оваа угорнинка и со молк сподавен во липање не испраќаат... а во ушите ни одекнуваат нивните молитви и во молк го слушаме нивното сподавено плачење и липање...
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Тука е - ни рече човекот кого, ризикувајќи да не облее излив на навреди и пцости, го замоливме да не одведе до местото каде се наоѓа масовната гробница во која почиваат според едни 704, според други 1000 борци на ДАГ. – Тука е – покажа со натажено лице и со очите сподавени во солзи. Не прозбори повеќе.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Гледајќи ги така онемени и сподавени во своите мисли, се запрашав: - Дали некој ќе го скрши молкот и во него ќе го најди одговорот?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)