специјален (прид.) - прилика (имн.)

Кога на левото рамо ќе ти се откриеше прерамката, боја чоколадна, јас почнував да си ја мерам среќата: до каде ќе ми дофрли погледот следејќи го патот на прерамката (можеби малку и се лутев што се уште не измислиле очила со коишто само во вакви, специјални прилики, ќе може да се фрли поглед под женскиот фустан токму до кајшто врви прерамката).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Од шолјата се слушаше само „клок-клок-клок“ помешано со шиктењето на водата што одново го полнеше казанчето.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За некои специјални прилики целото семејство одеше на посета кај мајката на Бертран која живееше сама на еден имот во огромна куќа во близин ата на Париз.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Да знаеш дека Изабел многу ќе се израдува поради оваа наша повторна средба и да бидеш сигурна дека ќе те чека во нашиот дом со чаша коњак стар стотина години, а со него таа послужува само специални гости и во специјални прилики.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Месото било свежо, здраво, и не полно со хормони како оние купечките - овие кокошки биле нивни и тие ги чувале и ги колеле само во специјални прилики.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)