Тука, мора да констатираме, дека сиве овие години законодавецот никако да воспостави некоја разумна мера во казнувањето – па, така, или казните се преблаги или, пак, спротивно – тие се престроги и не соодветствуваат на реалноста, особено кај т.н. „микро, мали или семејни бизниси“, којшто, како трговци-поединци, за своите обврски одговараат неограничено т.е. со сиот свој имот; а предвидените казни не кореспондираат ниту на целта на казнувањето – т.н. генерална и специјална превенција; • воведена е една нова група од шест т.н. „полесни прекршоци“ за кои се изрекува т.н. мандатна казна, на самото место, која ја наплатува самиот трудов инспектор – а којашто изнесува 10.000 ден. за работодавачот и 5.000 ден. за одговорното лице (чл. 265, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Ваквите тенденциозни и штетни измени наместо да ја потврдат целта на казнувањето како генерална и специјална превенција, тие напротив делуваат стимулирачки за одредени работодавачи, кои свесно и со пресметан ризик, ќе продолжат да ги кршат работничките права; б) исто така, до драстични и суштински промени кај висината на глобите и прекршочните поведенија за кои се пропишуваат дојде и кај чл. 265, кој ги регулира т.н. „полесни“ прекршоци за работодавачот: ● со измените од септември 2010 година дојде до зголемување на висината на дотогаш пропишаните глоби од 1.000 на 3.000 ЕУР за работодавачот – правно лице, казната за директорот, односно друго одговорно лице порасна од 600 на 1.000 ЕУР, додека пак работодавачот – физичко лице ќе биде казнет со глоба во висина од 2.000 ЕУР, која е за 1.200 ЕУР повисока од претходно пропишаниот износ.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)