Се чини дека нашите „префинети“ правници се нечувствителни за социјалните димензии на овој специфичен тип работен договор и, повеќе од сигурно е дека, не прават никакви посебни напори да им олеснат на очајните работници кои се напикани в ќош.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Коста Чавошки: Увод у право I – Основни појмови и државни облици; Београд, 1994; стр. 29-33. 306 Овој, како и мноштво други фактори ги демотивираат и одвраќаат работниците од ефикасно искористување на било каков правен лек и перфидно ги принудуваат да ја трпат неправдата која секојдневно им се нанесува.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Не само што не постои човек за сите времиња и сите земји туку на секој историски период и на секоја нација на куглата земјина ѝ одговара специфичен тип на човечка природа: Сократ бил Атињанин од петото столетие пред Христ, Библијата е поетски - настанат поради таков след на околности - израз од еврејската душа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Затоа, маргинализираните пролетери - надничари од сиромашните гета, најчесто, и немаат место во правните судски пресуди, и покрај нивната нумеричка супериорност во стварноста.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)