Јавниот простор постојано се произведува преку „дијалектика на вклученост и исклученост, ред и неред, рационалност и нерационалност, насилство и мирно несогласување“.84 Иако јавниот простор генерално се смета како помалку или повеќе отворен за јавно учество, тој не е ослободен од регулација.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
Токму спротивното, реулацијата и контролата се едни од неговите клучни карактеристики: јавниот простор се дефинирана преку „правилата на пристап, изворот и природата на контрола над влезот во просторот, индивидуалното и колективното однесување санкционирано во специфични простори и правилата за користење“.85 Преку оваа дијалектика на вклученост и исклученост, дозволувајќи им пристап на 83 Don Mitchell and Lynn A. Staeheli, “‘Clean and Safe? Property Redevelopment, Public Space, and Homelessness in Downtown San Diego” in The Politics of Public Space, ed. Setha Low and Neil Smith (New York: Routledge, 2006), 144. 84 Don Mitchell, The Right to the City: Social Justice and the Fight for Public Space (New York: Guilford Press, 2003), 51. 85 Neil Smith and Setha Low, “Introduction: The imperative of pub- lic space” in The Politics of Public Space, ed. Setha Low and Neil Smith (New York: Routledge, 2006), 3. 74 одредени општествени групи, а оневозможувајќи го за други, со што нив ги прави невидливи, јавниот простор ја конструира „јавноста“.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)