Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Запреле крај Беаз-куле. Тука сретнале сенегалски војници од француските сојузнички војски, марокански офицери, француски морнари, британски војници, сите во разнобојни униформи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
„Тоа нека биде должност на вашата војска и вашиот цар што е сојузник со Германија; а јас не морам да пукам на брат ми што е во сојузничката војска отаде фронтот...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)