Спроти нив, на другиот крај од просторијата, наседнати се двајца претставници на Градскиот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија, секретарот на партиската организација, претседателот на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, претседателот на синдикалната организација, претседателката на младинската организација, потпретседателот на Сојузот на борците и две жени, веројатно претставнички на женската организација.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Работното место на Гоше, всушност, му беше подарено или, со оглед на околностите, тоа беше измислено за него, како благодарност за она што се нарекува минат труд, за неговиот влог во соработката со тајните служби за безбедност - поткажувач од посебен агол на гледање и слушање, регистратор по хоризонтала, без толкувања, и со јасно означен радиус: во кругот на Противпожарната единица за руралните средини околу Метрополата, формирана под покровителство на Социјалистичкиот сојуз на работниот народ.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)