социјален (прид.) - успех (имн.)

Барањата на Другиот го преземаат обликот на над-јас наредбата за уживање (во облик на „социјален успех” и сл.) под заштитнич­кото старателство на „големиот Друг” што е чекор натаму од нарцистичноста на „големото Јас”.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа е она „општествено-потребно значење” на доцнограѓанското општество: Нарцис, кого „социјалните игри” не го засегаат, кој длабоко во себе содржи еден изопштеник и освен тоа не ги почитува „правилата на играта”, кој не се држи до задолжителната симболичка идентификација, го презема симболичкиот Мандат и кој во интерсубјективните односи го заобиколува премногу интензивниот еднонасочен допир и му дава предност на универзалниот промискуитет, за кого примерот на социјалниот живот, „социјалниот успех” е манипулативно владеење со блиските луѓе и за кого жените се неизоставно посочување на „мајчинското“ над-јас, при што казната за неуспесите не е веќе чувството на вина туку непознатата мачнина и кон себе свртениот агресивен бес...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)