Навистина, ако некој ги игнорира овие „длабоко“ втиснати социјални закони, склони сме да речеме дека тој е „неприроден“. 60 Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
- Овие три етапи можеме да ги проследиме во развитокот на детективскиот роман: класичниот англиски роман на „логика и дедукција“ е сѐ уште сврзан со протестантската етика, меѓутоа американскиот „тврд (hard-boiled)“ роман имплицира пропаѓање на протестантската етика и пораст на „хетерономната“, кон-другите-насочена индивидуа; повоениот „злосторнички роман“ напишан од перспектива на жртвата или на извршителот ја вмешува субјективната позиција на „патолошкиот Нарцис“, изопштеник за кого темелниот социјален Закон се нивелира на рамниште на незадолжителното „социјално правило” - „Не убивај!“ има подеднаква вредност како и „Не го повишувај гласот во друштво!“ и другите правила на убавото однесување што ги кршиме затоа што „некојпат не може поинаку”; така, Thomas Ripley, ликот од серијата на романи на Patricia Highsmith убива ако е тоа потребно, и по убиството нему навистина му е лошо зашто морал да биде толку груб...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
„Подлабоките” социјални закони се имплантирани; колку повеќе се „впрограмирани” или „конзервирани” во нас, толку повеќе ни изгледаат како „природни”.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
На одредено ниво на реализација, можеме да правиме дистинкција меѓу природните и социјалните закони.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)