Бугарите некое време ги прверувале дали се српски шпиони а потоа кога научиле дека не се, то ест дека пребегале на бугарска страна за да се борат против Србите, ги испратиле во 12. полк, кој бил составен од нашинци, во четата на овега, на Димитар Зојчев.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сам во самица Составен од изохипсите на векот Се молам, Ве молам, ближни мои, Да го заробиме сонот за жешката магма И да сонуваме, да сонуваме Повторно раѓање.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Во тие јасни пролетни дни, на поручек, нашиот скаутски вод „Елен”, составен од седум души, се упатуваше
на практична обука в поле.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Врз основа на чл.23 од Берлинскиот договор, во 1880 год. Високата порта подготвила еден „органски устав” за самоуправувањето на Македонија што бил прегледан и одобрен од една меѓународна комисија составена од претставници на потписничките на Берлинскиот договор, којашто заседавала во Цариград.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
За тврдењето на проф. Миловановиќ дека Македонија не составувала и не составува географска, етнографска и историска целина, за кое некои можеби ќе најдат потврда во моите расудувања за изменувањето на националното име кај нас, освен тоа што е речено кога стануваше зборот за прашањето дали има во Македонија две словенски народности, ќе го речам уште следново: Иако е Македонија составена од неколку котлини, разграничени со високи планини, пак таа во денешниот нејзин вид има живеано одделно од Бугарија и од Србија или самостоен живот или под други држави.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Ова е лежиште за фишекот, а ова се вика главен отворач, кој е составен од игла и ударна пружина.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Годинава црквата ја празнува 700-годишнината на најпознатиот хор во Германија, составен од членови на возраст од 8 до 18 години.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Се работи за инсталација, составена од голема кружна видео површина, на окото сличен интерактивен интерфејс и транспарентна (стаклена) тиква со отвор, низ кој што можеш да го носиш споменатото „око”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Оригиналниот интерфејс, значи несекојдневна тастатура, маус или џојстик, е важен стимулатор на естетската перцепција во смисла на продолжена осетливост и кај уметничкото дело/инсталација на Agnes Hegedus, Поглед со рака, за коешто софтверот го напиша истиот автор кој прави софтвер и за Shaw, Gideon May.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
И тој продолжи: - Во природата се распаѓа само она што е составено од нешто: од делови, од честици, што е соединение.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Составени од струни, кои постојано треперат.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Еве за тоа што читаме во Мемоарот на Организацијата: На 23 април претпладне турски шајки, составени од професионални злосторници и крвопијци, следени од полициски чиновници и жандарми, без секаков повод и ненадејно, со бес и јарост се нафрлија врз христијаните низ битолската чаршија и, кого ќе сретнеа, го убиваа или рануваа.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Збунката што ме прати како сенка, би ја дефинирал како мешавина од Алиса у Земјата на Чудата, Гуливеровите патувања, Волшебникот од Оз и 1984. Овој есеј е малце подугачок и е составен од повеќе мали бајчиња.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Сѐ е бело и составено од него.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Им се предаде на Грците, кои по долги распитувања, го префрлија пак во работен баталјон составен од заробеници и дезертери.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
По правило, бановите беа репрезентативни фигури без некаков авторитет, тие го преставуваа само кралот, а не и народот.“
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Тој формирал девет бановини, на чие чело се наоѓале гувернери (банови), назначени од кралот и имало Сенат составен од луѓе препорачани од полициските власти.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Барем откако ожнеаја успех кабелските телевизиски серии како Настрано окце за стрејт- дечкото (Queer Eye for the Straight Guy) и Дрег-трката на Ру-Пол (Ru- Paul’s Drag Race), станало вообичаено машката хомосексуалност да се доживува не само како составена од збир посебни сексуални практики туку и како избор од карактеристични општествени и културни практики.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
За него идентитетот, конечно, беше составен од повеќе припадности.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
I. Дружината наша е составена од шестмина долномаалци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
- Галактиката е ѕвезден систем составен од над двесте милијарди ѕвезди.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)