соседен (прид.) - соба (имн.)

Сите се смеат, прегласно, но поетот дофаќа како двете девојки во соседната соба живо разговараат околу дводелните пепито костуми во најновиот број на „Бурда“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Добро утро Петар... - шепна тивко Трајанка. - Добро ти Бог дал... –одговори тој исто со шепот, зашто ако зборуваа погласно, можеа да ги пробудат другите... во соседната соба.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Томо од поодамна го беше фатила дремка и веќе спиеше во соседната соба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Стаса ли? - се слушна гласот на Саво од соседната соба. - Да!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Го фаќа бес кога низ ѕидот од соседната соба го слуша нивното кикотење и збивтање слично на куче и ги затина ушите да не слуша или удира со бастунот на ѕидот за да ги замолчи.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Престанав затоа што кога бев пред свршување се сетив дека жена ми е во соседната соба поради што посилна беше мојата желба да одам да видам што прави таа одошто да се предадам на таа свињарија на која речиси ѝ бев подаден.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Жан: Во соседната соба... (Се двоуми.) Браво: (добива напад на смеење) Мртва жена!
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
- И? - И смислив. Ајде, ќе направиме штих проба. Земав десетина бомбони. Ги навлажнив со плунка и ги наредив. - Врз мравките: - Не, во тоа е фазонот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
По одјавната шпица на ТВ „Дневникот“, пријателките пред телевизорот си дадоа триесетина секунди пауза, корисна и за мене, заинтересираниот слушач во соседната соба, исто така седнат пред екранот, но оној на компјутерот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Логично, ја отворам вратата за соседната соба.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Тие спиеја во соседната соба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
(Соба во куќата на Сивиќ. Тропање на вратата. Од соседиата соба излегува Сивиќ во домашна наметка. Ја отвора вратата.)
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
(Михајло жестоко удира по ѕидот. Султана добива болки. Детето од соседната соба плаче.) ГАВРИЛ: Браќа! Браќа!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Нина ги слушаше тешките воздишки на татко ѝ што допираа од соседната соба.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А сето време бев ангажиран со помислата дека Непознатиот го познавам, и дека се наоѓа негде овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа двете луди женски глави не престануваа да се кикотат над мојата наивност и да ме исмејуваат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А моето распрашување од прилика течеше вака: Извинете, а собава до вашата дали е собата на Мирко Бунде?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
– Помеѓу мене, жените и Непознатиот во соседната соба немаше посредници.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зборував… Зборував… а притоа сеќавав како напрегнато сум вслушан во шумовите од соседната соба; дури и прашував; сигурен сум дека неколкупати прашував, но не гласно туку во себе. (Навистина мислев дека го прашувам во себе Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И додека следев некои познати гласови од службената просторија на Грофот наеднаш сфатив дека во соседната соба всушност се беше разбашкарил Мирко Бунде, и тоа на софата, а Катерина и Јана му седеа во скутот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ќе мора да ви приредам една демонстрација...( Излегува во соседната соба и се враќа носејќи една стара виолина) - и да ви ја отсвирам темата и нанапред и наназад и како што ќе посакате.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Да видиме...(ги става нотите од Уметноста на Фугата пред себе и ја свртува последната страна)...ова е последниот контрапункт, и ова е последната тема... Margina #21 [1995] | okno.mk 119 Желката почнува да свири: B-A-C- но како што започнува со последното H,одненадеж, без предупредување,убиствен звук грубо ја прекинува изведбата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не му пречеше ниту гласниот звук од телевизорот во соседната соба кој редовно забораваше да го исклучи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тој глас беше на медицинската сестра која требаше да остане со мене сѐ додека ми беше потребна помош.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
“Брат ви е во соседната соба,” нејасно слушнав женски глас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Само што тргнав кога човекот кој ми ја донесе теглата стана, ми пријде и ми кажа дека во соседната соба има клозетска шолја.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)