соседен (прид.) - куќа (имн.)

Таа ноќ старата ластовица и нејзиното семејство преспаа кај најблиските соседи, под стреата на соседната куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Соседните куќи изгледаа тажни и уморни под дебелиот снег што ги притискаше.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Последна се одлепи старата врана, мавна со крилата уште еднаш, на нејзиниот јазик викна “Браво“ и одлета зад покривот на соседната куќа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Долго и мирно гледа во оџакот од соседната куќа.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
РЕВШИН: Па тука од дуќанчето еден интелигентен трговски помошник и една дама од okno.mk | Margina #17-18 [1995] 181 соседната куќа со нас стоеја.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но од крепоста никој не излезе. Прозорецот на соседната куќа се отвори.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Некогаш одамна во друго време, вели тој сега, беше тоа момче само во својата куќа на брегот, но не беше само во тоа дека било само таму: да речеме, се приближуваше голем ураган; крај на светот, можеби; капаците спуштени, сите подготовки за невремето направени, ништо повеќе не може да направи освен да чека да мине, можеби да испие едно ‘ладно пиво додека сѐ уште има ‘ладно за пиење и да си раскаже себе си во мракот пар приказни за парови: онаа, на пример, за младата сосетка подеднакво независна како што е тој, која во соседната куќа исто така го чека ураганот и нема друштво позанимливо од својот темносив чесапик ритривер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И иако ништо крволочно не беше имплицирано во бледите преливи со светлина на боја на лаванда во чиешто прикажување сликарката на „Баричката роса“ толку уживаше едно августовско утро, тој поглед насочен од нивната тераса кон соседната куќа, во која - една вечер откако сликата беше завршена, можеби додека уметничката и нејзиниот сопруг ги посматрале метеорите од својата тераса - младата разведена мајка на две деца ја врзал, силувал и пљачкосал по зло прочуениот „Изолирбанд силувач“ од Вилмингтон и околијата, кој и понатаму е на слобода.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Погледот му падна на расцутено дрво во малиот двор од соседната куќа.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зад нагризениот ѕид на соседната куќа густ цут од вишни, неизброиви меки пердуви закачени за воздухот како да се двоумат изненадени снегулки да ја покријат земјата или да се вратат во торбата на Јануари.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Куќата имаше долга авлија која водеше кон широка бавча, опкружена со ѕидовите од соседните куќи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго и мирно гледа во оџакот од соседната куќа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)